Добредојдовте

На овој блог ќе се објавуваат слики и записи од рачните изработки кои ги изработува татко ми .
Имено ова е продолжеток на блогот mojaumetnost.blog.mk кој без мое знаење беше избришан и заради што голем број на блог записи се изгубени .
Со цел да се поврати нешто од тоа на овој блог истите слики кои се објавени во минатото ќе бидат реобјавени на овој блог но со друг запис

Thursday, February 14, 2013

Oригами цветови повеќе модели ( ретро)


Во оригами техниката  татко ми има изработено повеќе модели кои ќе ги прикажеме овде . Тоа се  цветови аранжирани во букети сместени во вазни било направено од хартија и  или купени . Сите цветови се изработени од хартија во А4 формат во разни бои . Листовите и стебленцата се исто така изработени од зелена хартија . Се надевам ќе уживате . Во следниот пост ќе прикажеме еден кактус во оригами техника .























































Monday, February 4, 2013

Омиленото виолетово цветче

Воопшто и не знаев дека татко ми го работи ова прекрасно украсче . Мајка ми доаѓаше и често ми викаше  татко работи нешто дома витка хартија не знам што е . По неколку недели така, ми го донесоа дома . Мало поставено во глинена саксија грееше со виолетовите цветчиња . Ја отворив устата и од неа не изезе ништо . Едноставно останав без текст .Тоа беше  совршен украс . Немаше што да кажам завладеа тишина  . Прецизно совршено складно изработен украс  и совршени бои на хартијата, чиниш можеш да го набереш или треба да го полееш .Го допрев полека дури ми беше страв да го допрам да не му ја намалам убавината .  Заедно баравме да видиме како се вика и најдовме името му е Fuchsia растение со можеби најживите бои од сите . Секој ден го гледам и разгледувам и му се смешкам  и помислувам колку само ми влијае позитивно на расположението