Добредојдовте

На овој блог ќе се објавуваат слики и записи од рачните изработки кои ги изработува татко ми .
Имено ова е продолжеток на блогот mojaumetnost.blog.mk кој без мое знаење беше избришан и заради што голем број на блог записи се изгубени .
Со цел да се поврати нешто од тоа на овој блог истите слики кои се објавени во минатото ќе бидат реобјавени на овој блог но со друг запис

Monday, April 20, 2015

Дрвца од жица

Покрај изработката на малите украси од жица од потенка и пофина жица се изработени многу модели на дрва во кои покрај жицата се вклопени и други материјали како тапет за ливчињата вистински  плодови и семчиња ,а повеќето од нив сместени во придродни подлоги  како кокосова лушпа или во глинене или гипсен сд како и садови од керамика. Бидејќи има многу модели  истите  ќе бидат прикажувано во неколку последователни постови

Најпрво фотографии од дрвцата со плодови

Пролет

Лето

Есен
 
 


Слатки украси од жица

Ова се  едни од првите изработки на  татко ми за кои јас знам  . Изработени во далечните осумдесетти години сеуште сјаат на  ѕидот од мојата неогашна детска соба ,а со  нив сега расте и им се радува и мојата ќеркичка. Направени се од бакарна жица која е потоа пребоена со црна боја и закачени на ѕидот претставуваат преубав украс.