Добредојдовте

На овој блог ќе се објавуваат слики и записи од рачните изработки кои ги изработува татко ми .
Имено ова е продолжеток на блогот mojaumetnost.blog.mk кој без мое знаење беше избришан и заради што голем број на блог записи се изгубени .
Со цел да се поврати нешто од тоа на овој блог истите слики кои се објавени во минатото ќе бидат реобјавени на овој блог но со друг запис

Saturday, December 22, 2012

Дрвце во металик боја

На претходниот блог ги објавив дрвцата од жица кои ги има направено татко ми , ги има повеќе на број и полека со следните постови  ќе бидат и тука објавени. И за ова дрвце имав прилика да ја следам неговата изработка . Кога почнуваше да го прави во прв момент немав идеја што прави бидејќи обично користеше лакирана или бакарна жица , но овојпат беше сребрена ,што ме збуни . Кога го прашав што ќе прави не сакаше да ми открие, но кога започна изработката веќе ми беше јасно. Со нетрпение чекав да  заврши да видам како ќе изгледа и навистина излезе едно прекрасно многу поразлично дрвце од другите кои ги имаме дома , прекрасен украс, совршено прецизно изработено . Подолу се сликите кои прикажуваат како се изработуваше дрвото







































No comments:

Post a Comment