На претходниот блог ги објавив дрвцата од жица кои ги има направено татко ми , ги има повеќе на број и полека со следните постови ќе бидат и тука објавени. И за ова дрвце имав прилика да ја следам неговата изработка . Кога почнуваше да го прави во прв момент немав идеја што прави бидејќи обично користеше лакирана или бакарна жица , но овојпат беше сребрена ,што ме збуни . Кога го прашав што ќе прави не сакаше да ми открие, но кога започна изработката веќе ми беше јасно. Со нетрпение чекав да заврши да видам како ќе изгледа и навистина излезе едно прекрасно многу поразлично дрвце од другите кои ги имаме дома , прекрасен украс, совршено прецизно изработено . Подолу се сликите кои прикажуваат како се изработуваше дрвото
Добредојдовте
На овој блог ќе се објавуваат слики и записи од рачните изработки кои ги изработува татко ми .
Имено ова е продолжеток на блогот mojaumetnost.blog.mk кој без мое знаење беше избришан и заради што голем број на блог записи се изгубени .
Со цел да се поврати нешто од тоа на овој блог истите слики кои се објавени во минатото ќе бидат реобјавени на овој блог но со друг запис
Saturday, December 22, 2012
Tuesday, October 23, 2012
Кокичиња и зумбулчиња
Иако голем дел од есента веќе помина, деновите исполнети со многу сонце повеќе наликуваат на пролетни, па денес во овој пост сакам да ви ги претставам предвесниците на пролетта Кокичето и Зумбулчето. Моделите се направени во оригами техника направени од хартија во различни бои. Листовите и стебленцата се исто така направени од хартија и се автентични на соодветните ливчиња кои ги сретнуваме во природата . Имено секое ливче од цветот на зумбулчето е правено од посебно мало парченце хартија така да е автентично со малите цветчиња на зумбулчето . Сите модели се сместени во саксиички земјени или пластични . Навистина се преубав украс за домот.
Првиот модел на кокиче е направен само за проба , но мислам дека и двата изгледаат прекрасно .
Подолу следат 2 модели на зумбулчиња ...
Labels:
зумбул,
кокиче,
лебеди . оригами,
рачна изработка,
украс,
хоби,
цвет
Saturday, October 13, 2012
Лалиња оригами (ретро)
Покрај ружите, лалињата ми се едни од најомилените оригами цветови кои ги направил татко ми . Изработени се во вид на букети аранжирани во вазна и во една корпа која е исто така рачна изработка , но за изработка на корпи во следен пост . Прекрасно изгледаат бидејќи хартијата од која се направени е со живописни бои. Исто како и ружите и лалињата се изработени во техника оригами од А4 формат лист хартија во боја . Стебленцата и листовите се исто така изработени од А4 формат зелена хартија . Листовите како и кај ружите излегдаат автентично како во природата ...
Уживајте :) !
Thursday, October 11, 2012
Оригами Ружи (ретро)
Во техниката оригами покрај украсите татко ми има изработено и повеќе модели на цветови . Меѓутоа за ружите можам слободно да кажам дека достигнаа совршенство . Нив ги аранжиравме во букети заедно со или без други модели на растенија, сите изработени во техниката оригами . Секоја од ружите е изработена од хартија во боја А4 формат . Стебленцата и листовите се исто така изработени во зелена хартија А4 формат.
Подолу се прикажани фотографиите на букетитесамо со ружи, а во слeдните постови ќе бидат прикажани модели од лалиња .
Подолу се прикажани фотографиите на букетитесамо со ружи, а во слeдните постови ќе бидат прикажани модели од лалиња .
Thursday, September 27, 2012
Лебеди и палма (ретро)
И овие неколку украси се направени како и претходните лебеди од основна единица триаголник, па со многу такви делчиња и со нивно правилно распоредување и залепување освен лебеди може да се добијат уште неколку сосем различни украси од кои татко ми има направено палма, една топка и една јаготка но тие во следниот пост ќе биде прикажана . Инаку овие украси се исто така направени поодамна па за нив се обновува само написот . За еден од лебедите (средниот) беа направени точно 760 делчиња и околу 20 часа континуирана работа, а за палмата 1400 делчиња и 50 часа од континуирана работа .
Уживајте
Saturday, September 22, 2012
Кремче (РЕТРО)
Во овој запис прикажувам фотографии кои веќе еднаш се прикажани на стариот блог кој отиде во неповрат. Истиве слики ги има и на Фејсбук , но како што веќе напишав записот не постои .
Овие лебеди ги направи татко ми во техника оригами , Истите се направени од истите оние делчиња од кои е направена хартиената гарнитура само нивниот распоред е поинаков . Исто така и ова е цврст украс кој лесно се поместува без оштетување .
Нивната комбинација црно - бела не е случајно одбрана . Овој украс од 2 лебеди беа наменети за мене по повод моето преселување и отпочнувањето на заеднички живот па едниот лебед го преставува сопругот, а другиот мене како симбол на заедничка и долга љубов . Бидејќи сме тотално спротивно во тенот и бојата на косата така соддвевствуваат и лебедите . Како кремче сме :) . Подолу следуваат слики како се правеа лебедите и комплетно како изгледаат .
Благодарам Тато
Покрај овие има направено уште неколку модели на лебеди чии написи ќе бидат обновени во следна прилика
Subscribe to:
Posts (Atom)