Овој украс е еден меѓу првите совршени украси кои ги направил татко ми . А тие пристигнаа многу брзо откако порба нешто да направи во оригами техниката , така и овој украс е еден од првите украси изработени во оваа техника . Секое ливче и секое цветче се посебно виткани и лепени . Задоволство беше да се гледа колку мирно и трпеливо го изработуваше прво еден мал примерок а потоа уште неколку поголеми . Листовите и цветовите се направени од А4 формат на обоена хартија ,а постољето е различно во различните модели порцелан , плетена корпа , глинен сад .
Украсов дури наликува на вистински божиќен кактус со цветови мислиш ако го допреш ќе те боцне .
Уживајте :)
No comments:
Post a Comment