Иако е ова нов блог тука ќе продолжам онаму каде што застанав , а кога ќе имам време ќе ги реобјавувам сликите кои за навек ги загубив на блогот на blog .mk .
Овој украс е изработен во техниката оригами користејќи мали единици триаголничиња кои потоа се составувани така да се добие саканата форма . Имав прилика да го следам татко ми додека го изработуваше во текот на неколкуте недели и тоа само во утринските часови пред даодам на работа. Отпрвин не личеа на ништо но полека полека кога првото столче почна да ја добива својата форма знаев дека тоа ќе биде комплет столчиња плус масичка .
Ова е прв пат тој да направи столчиња од хартија другите се изработени од лименки ....
Иако направени од хартија слободно може да се рече дека се можеби поцврсти од оние направени од лименки , и вооопшто не се свиткуваат ...
Во наредните неколку поста следуваат изработки кои се изработени од истите основни делчиња
No comments:
Post a Comment