Добредојдовте

На овој блог ќе се објавуваат слики и записи од рачните изработки кои ги изработува татко ми .
Имено ова е продолжеток на блогот mojaumetnost.blog.mk кој без мое знаење беше избришан и заради што голем број на блог записи се изгубени .
Со цел да се поврати нешто од тоа на овој блог истите слики кои се објавени во минатото ќе бидат реобјавени на овој блог но со друг запис

Thursday, September 27, 2012

Лебеди и палма (ретро)

И овие неколку украси се направени како и претходните  лебеди од основна единица триаголник, па со многу такви делчиња и со нивно правилно распоредување и залепување освен лебеди може да се добијат уште неколку сосем различни украси од  кои татко ми има направено палма, една топка и една јаготка но тие во следниот пост ќе биде прикажана . Инаку овие украси се исто така направени поодамна па за нив се обновува само написот .  За еден од лебедите (средниот) беа направени точно 760 делчиња и околу 20 часа континуирана работа,  а за палмата 1400 делчиња и 50 часа од континуирана работа .







Уживајте






Saturday, September 22, 2012

Кремче (РЕТРО)

Во овој запис прикажувам фотографии кои веќе еднаш се прикажани на стариот блог кој отиде во неповрат. Истиве слики ги има и на Фејсбук , но како што веќе напишав  записот не постои .
Овие  лебеди ги направи татко ми во техника оригами , Истите се направени од истите оние делчиња од кои  е направена хартиената гарнитура  само нивниот распоред  е поинаков . Исто така и ова е цврст украс кој лесно се  поместува без оштетување . 
Нивната комбинација црно - бела не е  случајно одбрана . Овој украс од 2 лебеди   беа наменети  за мене по повод моето преселување и отпочнувањето на заеднички живот па едниот лебед го преставува сопругот, а другиот мене како симбол на заедничка и долга љубов . Бидејќи сме тотално спротивно во тенот и  бојата  на косата  така соддвевствуваат и лебедите . Како кремче сме :) .  Подолу следуваат слики како се правеа лебедите  и комплетно како изгледаат .  
Благодарам Тато 





















Покрај овие  има направено уште неколку модели на лебеди чии написи ќе бидат обновени во следна прилика 















Friday, September 21, 2012

Баобаб

Баобабот претставува дрво кое  честопати кога го гледаме било на слика или ако патуваме во странство и во живо плени со својата големина, а кога на тоа ќе се додаде  дека  може да живее и по неколку илјади години  навистина ја заслужува секоја почит .
Пред околу месец и пол кога одев дома кај моите го затекнував татко ми  како сецка  подебела хартија во вид на плочки  со разни форми . Го прашував дали се обидува да направи некој нов украс во нова техника , но ми рече „почекај ќе видиш“. По некоја недела постојано сецкање  почна плочките од хартија  да ги реди едно врз друго и почна да ги лепи .  Откако пројдоа неколку дена како го правеше тоа новиот украс почна да си добива форма . Личеше  таман на Баобаб . Којзнае колку такви плочкички од хартија нареди за да ја добие висината, навистина не го знам нивниот точен број , но она што ми беше најинтересно е како можеше  да ги усклади сите плочки за формата да испадне токму онака како што треба.  Инаку деловите се изработени од хартија во различни бои .На крајот му додаде гранчиња и ливчиња  ... Ви го прикажувам подолу ...













Sunday, September 16, 2012

Гарнитура од хартија

Иако е ова нов блог  тука ќе  продолжам онаму каде  што застанав , а кога ќе имам време  ќе ги реобјавувам сликите кои за навек ги загубив на блогот на blog .mk .

Овој украс е изработен во техниката оригами користејќи мали единици триаголничиња кои потоа се составувани така да се добие саканата форма . Имав прилика  да го следам татко ми додека го изработуваше во текот на неколкуте недели и тоа само во утринските часови пред даодам на работа. Отпрвин не личеа на ништо но полека полека кога првото столче почна да ја добива својата форма знаев дека тоа ќе биде комплет столчиња плус масичка .
Ова е  прв пат тој  да направи столчиња од хартија другите се изработени од лименки ....
Иако направени од хартија слободно може  да се рече дека се можеби поцврсти  од оние направени од  лименки , и вооопшто не се свиткуваат ...







Во наредните неколку поста следуваат  изработки кои се изработени од истите основни делчиња