Добредојдовте

На овој блог ќе се објавуваат слики и записи од рачните изработки кои ги изработува татко ми .
Имено ова е продолжеток на блогот mojaumetnost.blog.mk кој без мое знаење беше избришан и заради што голем број на блог записи се изгубени .
Со цел да се поврати нешто од тоа на овој блог истите слики кои се објавени во минатото ќе бидат реобјавени на овој блог но со друг запис

Tuesday, October 23, 2012

Кокичиња и зумбулчиња

Иако голем дел од  есента веќе помина, деновите исполнети со многу сонце повеќе наликуваат на пролетни, па  денес во овој пост сакам да ви ги претставам предвесниците на пролетта Кокичето и Зумбулчето.  Моделите се направени во оригами техника направени од хартија во различни бои. Листовите и стебленцата се исто така направени од хартија и се автентични на соодветните ливчиња кои ги сретнуваме во природата . Имено секое ливче од цветот на  зумбулчето е правено од посебно мало парченце хартија така да е автентично со малите цветчиња на зумбулчето . Сите модели се сместени во саксиички земјени или пластични . Навистина се преубав украс за домот. 

Првиот модел на кокиче е направен само за  проба , но мислам дека и двата изгледаат прекрасно . 



Подолу следат 2 модели на зумбулчиња ...











Saturday, October 13, 2012

Лалиња оригами (ретро)

Покрај ружите, лалињата ми се едни од најомилените оригами цветови кои ги направил татко ми . Изработени се во вид на букети аранжирани во вазна и во една корпа која е исто така рачна изработка , но за  изработка на корпи во следен пост  . Прекрасно изгледаат бидејќи хартијата од која се направени е со живописни бои.  Исто како и ружите и лалињата се изработени во техника оригами од А4 формат лист хартија во боја . Стебленцата и листовите се исто така изработени од А4 формат  зелена хартија . Листовите како и кај ружите  излегдаат автентично како во природата ...
   







Уживајте :) ! 




Thursday, October 11, 2012

Оригами Ружи (ретро)

Во техниката оригами  покрај украсите  татко ми има изработено и повеќе модели на цветови . Меѓутоа за ружите можам слободно да кажам дека достигнаа совршенство . Нив ги аранжиравме во букети заедно со или без други модели на растенија, сите изработени во техниката оригами . Секоја од ружите е изработена од хартија во боја А4 формат . Стебленцата и листовите  се исто така изработени во зелена хартија А4 формат.
Подолу се прикажани фотографиите на букетитесамо со ружи, а во слeдните постови ќе бидат прикажани модели од лалиња .