Оваа пудличка ми е една омилените. Исто така изработена во техниката квилинг, но по видот на изработка повеќе наликува на техниката применета за чајникот отколку за шољата и лубеницата. За изработка на ова прекрасно кутре користени се ленти од хартија од А4 формат соодветно исечени и прилепувани меѓусебе, а потоа виткани со цел да се добие лицето телото есктрмеитетите и ланчето на кутрето, додека за крзното се користени мали лентички од хартија А4 формат . Одлично се вклопува меѓу цветовите од оригами и квилинг на полицата :)
Добредојдовте
На овој блог ќе се објавуваат слики и записи од рачните изработки кои ги изработува татко ми .
Имено ова е продолжеток на блогот mojaumetnost.blog.mk кој без мое знаење беше избришан и заради што голем број на блог записи се изгубени .
Со цел да се поврати нешто од тоа на овој блог истите слики кои се објавени во минатото ќе бидат реобјавени на овој блог но со друг запис
Sunday, August 3, 2014
Палми
Овие палми се изработени од жица.и самолеплив тапет, самостојно или во комбинација. Во сите нив е вткаено огромно трпение,љубов и одлична техника при изработката што ги прави автентични, а на секоја палма и дава и посебна убавина и уникатност. Сите преставуваат мелем и одмор за очите и душата и вистински прекрасни украси кои го разубавуваат домот.
Уживајте !!!
Уживајте !!!
Labels:
дрво,
дрво од жица,
палма,
палми,
рачна изработка,
хоби
Лубеница
Оваа лубеница е изработена во тенхиката Квилинг. За истата се употрбени неколки стотици превиткани единки ( направени првично од А4 формат во соодветни бои, зелена црвена бела црна) , потоа истите се вклопени со лепило соодветни давајќи и на пресечната лубеница автентичен изглед .
Subscribe to:
Posts (Atom)