Добредојдовте

На овој блог ќе се објавуваат слики и записи од рачните изработки кои ги изработува татко ми .
Имено ова е продолжеток на блогот mojaumetnost.blog.mk кој без мое знаење беше избришан и заради што голем број на блог записи се изгубени .
Со цел да се поврати нешто од тоа на овој блог истите слики кои се објавени во минатото ќе бидат реобјавени на овој блог но со друг запис

Monday, April 20, 2015

Дрвца од жица

Покрај изработката на малите украси од жица од потенка и пофина жица се изработени многу модели на дрва во кои покрај жицата се вклопени и други материјали како тапет за ливчињата вистински  плодови и семчиња ,а повеќето од нив сместени во придродни подлоги  како кокосова лушпа или во глинене или гипсен сд како и садови од керамика. Бидејќи има многу модели  истите  ќе бидат прикажувано во неколку последователни постови

Најпрво фотографии од дрвцата со плодови

Пролет

Лето

Есен
 
 


Слатки украси од жица

Ова се  едни од првите изработки на  татко ми за кои јас знам  . Изработени во далечните осумдесетти години сеуште сјаат на  ѕидот од мојата неогашна детска соба ,а со  нив сега расте и им се радува и мојата ќеркичка. Направени се од бакарна жица која е потоа пребоена со црна боја и закачени на ѕидот претставуваат преубав украс.





































Friday, March 6, 2015

Ј А Г О Т К И 2

Во очекување на пролетта и потплите денови  денес ќе се обидам да ве стоплам со фотографиите од овој мал сладок украс.   

Овие јаготкки се разликуваатод претходните по тоа што се изработени во оригами техника и секој составен дел ( стебленце ливче и плод ) се изработени од поединечни хартиени листовиво боја . Висината на  целиот украс без саксија  е 11 см ,а ширина 22 см  . Големинатана зрелите јаготки е  18мм,  на полузрелите 15мм и најмалите се само 8мм..Додека листовите се 32х23мм.. Украост е сместен во глинена саксија иза негова изработка беше потребно околу 1 месец . уживајте во фотографиите.


    










Wednesday, February 4, 2015

Минијатурни оригами

Покрај класичните оргигами цветови  изработени се и минијатирни оригами цветчиња кои се сместени во пластични сакии. Истите се изработени од  А4 формат хартија  исечени како би се добиле  мали делчиња од коисе формираат   мали стебленца , листенца, и цветчиња. Во продолжение се сликите