Добредојдовте

На овој блог ќе се објавуваат слики и записи од рачните изработки кои ги изработува татко ми .
Имено ова е продолжеток на блогот mojaumetnost.blog.mk кој без мое знаење беше избришан и заради што голем број на блог записи се изгубени .
Со цел да се поврати нешто од тоа на овој блог истите слики кои се објавени во минатото ќе бидат реобјавени на овој блог но со друг запис

Friday, September 21, 2012

Баобаб

Баобабот претставува дрво кое  честопати кога го гледаме било на слика или ако патуваме во странство и во живо плени со својата големина, а кога на тоа ќе се додаде  дека  може да живее и по неколку илјади години  навистина ја заслужува секоја почит .
Пред околу месец и пол кога одев дома кај моите го затекнував татко ми  како сецка  подебела хартија во вид на плочки  со разни форми . Го прашував дали се обидува да направи некој нов украс во нова техника , но ми рече „почекај ќе видиш“. По некоја недела постојано сецкање  почна плочките од хартија  да ги реди едно врз друго и почна да ги лепи .  Откако пројдоа неколку дена како го правеше тоа новиот украс почна да си добива форма . Личеше  таман на Баобаб . Којзнае колку такви плочкички од хартија нареди за да ја добие висината, навистина не го знам нивниот точен број , но она што ми беше најинтересно е како можеше  да ги усклади сите плочки за формата да испадне токму онака како што треба.  Инаку деловите се изработени од хартија во различни бои .На крајот му додаде гранчиња и ливчиња  ... Ви го прикажувам подолу ...













No comments:

Post a Comment