Добредојдовте

На овој блог ќе се објавуваат слики и записи од рачните изработки кои ги изработува татко ми .
Имено ова е продолжеток на блогот mojaumetnost.blog.mk кој без мое знаење беше избришан и заради што голем број на блог записи се изгубени .
Со цел да се поврати нешто од тоа на овој блог истите слики кои се објавени во минатото ќе бидат реобјавени на овој блог но со друг запис

Sunday, August 3, 2014

Кученце

Оваа пудличка ми е една омилените.  Исто така изработена во техниката квилинг,  но по видот на изработка повеќе наликува на  техниката применета за чајникот отколку за шољата и лубеницата. За изработка на ова прекрасно кутре користени се ленти од хартија од А4 формат соодветно исечени и прилепувани меѓусебе, а потоа виткани со цел да се добие лицето телото есктрмеитетите и ланчето на кутрето, додека за крзното се користени мали лентички од хартија А4 формат . Одлично се вклопува меѓу цветовите од оригами и  квилинг на полицата :)









   

No comments:

Post a Comment