Добредојдовте

На овој блог ќе се објавуваат слики и записи од рачните изработки кои ги изработува татко ми .
Имено ова е продолжеток на блогот mojaumetnost.blog.mk кој без мое знаење беше избришан и заради што голем број на блог записи се изгубени .
Со цел да се поврати нешто од тоа на овој блог истите слики кои се објавени во минатото ќе бидат реобјавени на овој блог но со друг запис

Wednesday, February 4, 2015

Минијатурни оригами

Покрај класичните оргигами цветови  изработени се и минијатирни оригами цветчиња кои се сместени во пластични сакии. Истите се изработени од  А4 формат хартија  исечени како би се добиле  мали делчиња од коисе формираат   мали стебленца , листенца, и цветчиња. Во продолжение се сликите

























     

Sunday, August 3, 2014

Кученце

Оваа пудличка ми е една омилените.  Исто така изработена во техниката квилинг,  но по видот на изработка повеќе наликува на  техниката применета за чајникот отколку за шољата и лубеницата. За изработка на ова прекрасно кутре користени се ленти од хартија од А4 формат соодветно исечени и прилепувани меѓусебе, а потоа виткани со цел да се добие лицето телото есктрмеитетите и ланчето на кутрето, додека за крзното се користени мали лентички од хартија А4 формат . Одлично се вклопува меѓу цветовите од оригами и  квилинг на полицата :)









   

Палми

Овие палми се изработени од  жица.и  самолеплив тапет, самостојно или во комбинација. Во сите нив е  вткаено огромно трпение,љубов и одлична техника при изработката што ги  прави автентични, а  на секоја палма и дава и посебна убавина и уникатност. Сите преставуваат мелем и одмор за очите и душата и вистински прекрасни украси кои го разубавуваат домот.
Уживајте  !!!























       

Лубеница

Оваа лубеница  е изработена во тенхиката Квилинг. За истата се употрбени неколки стотици превиткани единки ( направени првично од А4 формат во соодветни бои, зелена црвена бела црна) , потоа истите се вклопени со лепило соодветни давајќи и на  пресечната лубеница автентичен изглед .



















  

Sunday, October 20, 2013

Фламинго цвет

Ммммм, веднаш штом ќе помислам на Фламинго цветот ме потсетува на нешто топло, убаво, пред се црвено посекако добредојдено во оваа студена вечер додека го пишувам записов. Го погледнувам цветот и навистина чувство на топлина го исполнува моето тело. 
Овој цвет го набљудувам секојдневно, се издвојува од другите украси... 
Исто како и другите цветови е направен во оригами техника, но има нешто посебно во него кое ви го обзема телото, во последно време скоро на сите кои го посетуваат домот кај моите таму им се запира погледот, сите коментираат за неговата автентичност... 
А цветовите тие ја затоплуваат собата и внесуваат посебна светлост . 
Подолу се прикажани фотографии  од фламинго цветовите, сите се изработени во техника оригами од А4 формат листови во соодветните бои, листовите се исто така изработени во тенхика оригами а нивната текстура е цртана со рака . 
Уживајте :)




























Wednesday, July 17, 2013

Чајник и две шољички

Малку поинаква техника од оригами техниката е Квилингот . Имено во оваа тениика може да се изработуваат многубројни и навистина прекрасни украси . И во Квилингот се користи хартија само што таа не се превиткува туку се завиткува  ,а претходно се сече на  тенки ленти . При тоа украсите изгледаат автентично ,а ако се погледнат одблиску имаат изглед на филигран или се завивани . Тука сега ќе прикажеме  два слични но истовремено различни по изглед украси .
Едниот комплет чајник и шоља  се правени од долги тенки ленти кои се  завиткувани во формата на чајник и шоља додека пак другиот украс само шоља која има изглед на филигран .
И двата украси се автентични и прекрасни вистински предизвик да бидат изработени . За нив беше потребно многу време  и уште поважно трпеливост  . Дури ми се случи да ме прашаат дали се вистински , а јас со гордост можев да кажам кој ги изработи . Тато !










Следува „везената“  шољата или поубаво речено шољата филигран 










 И овој пост е еден од претходната платформа кој беше избришан .Се надевам уживате :)