Добредојдовте

На овој блог ќе се објавуваат слики и записи од рачните изработки кои ги изработува татко ми .
Имено ова е продолжеток на блогот mojaumetnost.blog.mk кој без мое знаење беше избришан и заради што голем број на блог записи се изгубени .
Со цел да се поврати нешто од тоа на овој блог истите слики кои се објавени во минатото ќе бидат реобјавени на овој блог но со друг запис

Sunday, October 20, 2013

Фламинго цвет

Ммммм, веднаш штом ќе помислам на Фламинго цветот ме потсетува на нешто топло, убаво, пред се црвено посекако добредојдено во оваа студена вечер додека го пишувам записов. Го погледнувам цветот и навистина чувство на топлина го исполнува моето тело. 
Овој цвет го набљудувам секојдневно, се издвојува од другите украси... 
Исто како и другите цветови е направен во оригами техника, но има нешто посебно во него кое ви го обзема телото, во последно време скоро на сите кои го посетуваат домот кај моите таму им се запира погледот, сите коментираат за неговата автентичност... 
А цветовите тие ја затоплуваат собата и внесуваат посебна светлост . 
Подолу се прикажани фотографии  од фламинго цветовите, сите се изработени во техника оригами од А4 формат листови во соодветните бои, листовите се исто така изработени во тенхика оригами а нивната текстура е цртана со рака . 
Уживајте :)




























Wednesday, July 17, 2013

Чајник и две шољички

Малку поинаква техника од оригами техниката е Квилингот . Имено во оваа тениика може да се изработуваат многубројни и навистина прекрасни украси . И во Квилингот се користи хартија само што таа не се превиткува туку се завиткува  ,а претходно се сече на  тенки ленти . При тоа украсите изгледаат автентично ,а ако се погледнат одблиску имаат изглед на филигран или се завивани . Тука сега ќе прикажеме  два слични но истовремено различни по изглед украси .
Едниот комплет чајник и шоља  се правени од долги тенки ленти кои се  завиткувани во формата на чајник и шоља додека пак другиот украс само шоља која има изглед на филигран .
И двата украси се автентични и прекрасни вистински предизвик да бидат изработени . За нив беше потребно многу време  и уште поважно трпеливост  . Дури ми се случи да ме прашаат дали се вистински , а јас со гордост можев да кажам кој ги изработи . Тато !










Следува „везената“  шољата или поубаво речено шољата филигран 










 И овој пост е еден од претходната платформа кој беше избришан .Се надевам уживате :)





















Thursday, April 25, 2013

Јаготки ( ретро)

Пролетта ни пристигна ,а  со неа и овие вкусни овошки . Кога ќе се спомне  зборот јаготки верувам дека секому му доаѓа благичко и некако мммм во устата. Можеби тоа се едни од најсимпатичните и привлечни растенија особени малите шумски јаготки кои ѕиркаат меѓу тревите во природата. Инспириран од природата,  татко ми се обиде и успеа да направи  украс  на растение - јаготка во оригами техника  . Целиот  украс е изработен од истите оние делчиња  ( триаголничиња) од кои се правени лебедите .Секако со водење сметка за бојата на листот , цветот ,плодот . Потоа овие мали делчиња така се составувани да се добие целиот аранжман на растението  и потоа се залепувани за да се обезбеди  трајност на спојот   Целиот украс е сместен во природно постоље лушпа од кокос и со тоа сите употребени материјали се природни што му додава во убавината и автетичноста  на  овој украс . Кој би рекол дека од  соодветен број на вакви мали триаголничиња се добива нешто многу прекрасно .


Поставена е во централното место на собата и секогаш привлекува внимание кај нашите гости , како и чудење на  тоа колку се автентични,  а ние  дома секогаш го имаме она благичко чувство  во устата дури и во зима.

Уживајте во фотографиите , можеби додека ги јадете првите јагоди оваа пролет  .  
























Wednesday, April 24, 2013

Оригами кактус ( ретро)

Овој украс е еден меѓу првите совршени украси кои ги направил татко ми . А тие пристигнаа многу брзо откако порба нешто да направи во оригами техниката , така и овој украс е еден од првите украси изработени во оваа техника  . Секое ливче и секое цветче се посебно виткани и лепени . Задоволство беше да се гледа колку мирно и трпеливо  го изработуваше прво еден мал примерок а потоа уште неколку поголеми . Листовите и цветовите се направени од А4 формат на обоена хартија ,а постољето е различно во различните модели порцелан , плетена корпа , глинен сад .

Украсов дури наликува на вистински божиќен кактус  со цветови мислиш ако го допреш ќе те боцне .

Уживајте :)








Thursday, February 14, 2013

Oригами цветови повеќе модели ( ретро)


Во оригами техниката  татко ми има изработено повеќе модели кои ќе ги прикажеме овде . Тоа се  цветови аранжирани во букети сместени во вазни било направено од хартија и  или купени . Сите цветови се изработени од хартија во А4 формат во разни бои . Листовите и стебленцата се исто така изработени од зелена хартија . Се надевам ќе уживате . Во следниот пост ќе прикажеме еден кактус во оригами техника .