Пролетта ни пристигна ,а со неа и овие вкусни овошки . Кога ќе се спомне зборот јаготки верувам дека секому му доаѓа благичко и некако мммм во устата. Можеби тоа се едни од најсимпатичните и привлечни растенија особени малите шумски јаготки кои ѕиркаат меѓу тревите во природата. Инспириран од природата, татко ми се обиде и успеа да направи украс на растение - јаготка во оригами техника . Целиот украс е изработен од истите оние делчиња ( триаголничиња) од кои се правени лебедите .Секако со водење сметка за бојата на листот , цветот ,плодот . Потоа овие мали делчиња така се составувани да се добие целиот аранжман на растението и потоа се залепувани за да се обезбеди трајност на спојот Целиот украс е сместен во природно постоље лушпа од кокос и со тоа сите употребени материјали се природни што му додава во убавината и автетичноста на овој украс . Кој би рекол дека од соодветен број на вакви мали триаголничиња се добива нешто многу прекрасно .
Поставена е во централното место на собата и секогаш привлекува внимание кај нашите гости , како и чудење на тоа колку се автентични, а ние дома секогаш го имаме она благичко чувство во устата дури и во зима.
Уживајте во фотографиите , можеби додека ги јадете првите јагоди оваа пролет .
No comments:
Post a Comment