Добредојдовте

На овој блог ќе се објавуваат слики и записи од рачните изработки кои ги изработува татко ми .
Имено ова е продолжеток на блогот mojaumetnost.blog.mk кој без мое знаење беше избришан и заради што голем број на блог записи се изгубени .
Со цел да се поврати нешто од тоа на овој блог истите слики кои се објавени во минатото ќе бидат реобјавени на овој блог но со друг запис

Thursday, April 25, 2013

Јаготки ( ретро)

Пролетта ни пристигна ,а  со неа и овие вкусни овошки . Кога ќе се спомне  зборот јаготки верувам дека секому му доаѓа благичко и некако мммм во устата. Можеби тоа се едни од најсимпатичните и привлечни растенија особени малите шумски јаготки кои ѕиркаат меѓу тревите во природата. Инспириран од природата,  татко ми се обиде и успеа да направи  украс  на растение - јаготка во оригами техника  . Целиот  украс е изработен од истите оние делчиња  ( триаголничиња) од кои се правени лебедите .Секако со водење сметка за бојата на листот , цветот ,плодот . Потоа овие мали делчиња така се составувани да се добие целиот аранжман на растението  и потоа се залепувани за да се обезбеди  трајност на спојот   Целиот украс е сместен во природно постоље лушпа од кокос и со тоа сите употребени материјали се природни што му додава во убавината и автетичноста  на  овој украс . Кој би рекол дека од  соодветен број на вакви мали триаголничиња се добива нешто многу прекрасно .


Поставена е во централното место на собата и секогаш привлекува внимание кај нашите гости , како и чудење на  тоа колку се автентични,  а ние  дома секогаш го имаме она благичко чувство  во устата дури и во зима.

Уживајте во фотографиите , можеби додека ги јадете првите јагоди оваа пролет  .  
























Wednesday, April 24, 2013

Оригами кактус ( ретро)

Овој украс е еден меѓу првите совршени украси кои ги направил татко ми . А тие пристигнаа многу брзо откако порба нешто да направи во оригами техниката , така и овој украс е еден од првите украси изработени во оваа техника  . Секое ливче и секое цветче се посебно виткани и лепени . Задоволство беше да се гледа колку мирно и трпеливо  го изработуваше прво еден мал примерок а потоа уште неколку поголеми . Листовите и цветовите се направени од А4 формат на обоена хартија ,а постољето е различно во различните модели порцелан , плетена корпа , глинен сад .

Украсов дури наликува на вистински божиќен кактус  со цветови мислиш ако го допреш ќе те боцне .

Уживајте :)